физиономија (имн.) - на (предл.)

Бргу минат часовите на „Пигал“. Се забележува множество од физиономии на луѓе што дошле овде со најразлични желби и апетити.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа открива физиономија на жалосно жапче и така покажува дека ова не е никакво тврдо становиште, а просто посочување на една можност.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Овие нови зданија, заедно со стариот Камен мост и големата извишена тврдина зад нив, позната уште од праисториските времиња како главно упориште на сите империи на Балканот, ја формираа трајната физиономија на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неговиот сосед со тенка физиономија на птица е управникот на експортното друштво за тутун и кожи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Песната ненадејно престанувше и тогаш во физиономиите на девојките се откриваше тагата и неизвесноста...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)