фигура (имн.) - во (предл.)

Уште ако ја дадеме неговата јако развиена телесна градба ќе ни биде јасно зошто толку голема беше неговата фигура во очите на тие што имаа работа со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа беше војводата Петре Адев од село Ореовец, Прилепско, бивш учител и организатор, потомок на Ацета Симоновски убиен од турските зулумџии, и брат на Мирчета и Гога Ацеви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ВОСОК Да пишував за време на Тито Денес ќе бев привилегиран Ќе добиев восочна фигура во музеј
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
На четириесет години, свиен над овие молчаливи фигури во еден провинциски град, тој сознава дека вистинската сила на неговата фантазија била во создавањето убави мечти за животот што го чека, а не во творечко разрешување на проблемите што ги поставува безгласната плоча со шеесет и четири полиња.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Една фигура во сина униформа доаѓаше по тротоарот, ни десет метри од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Министерството вршеше некаква подредена функција за која не беше потребна интелигенција, но од друга страна беше водечка фигура во Комисијата за спортови и во сите други комисии задолжени за организирање заеднички походи, спонтани демонстрации, кампањи за штедење, и воопшто за доброволни акции.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Голдштајн беше ренегатот и отпадникот кој некогаш, одамна (колку одамна, никој точно не се сеќаваше) бил една од водечките фигури во Партијата, речиси на исто ниво со Големиот Брат лично, а потоа почнал да се занимава со контрареволуционерни активности, бил осуден на смрт и мистериозно избегал и исчезнал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден млад офицер, со елегантна фигура во црна униформа, сета блескава од кожа и со лице со рамни црти што наликуваше на восочна маска, влезе отсечно во собата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На забавата приредена при отворањето на една изложба во галеријата Луј Каре во Париз, на 23 јуни 1963 година Дишан се сретнал со Жана Саре, жена со која бил во интимна врска пред 55 години и која позирала за една од фигурите во неговата слика „Грмушка“ од 1911; Дишан ја прашувал за минатото, а особено се интересирал за нејзината ќерка родена 1911.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таму таа ќе стане важна фигура во промоцијата на Модерната уметност, помагајќи при организацијата на Првото Биенале, 1951, во Сао Паоло.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дури и во 1960 Бретон ќе ги вклучува нејзините дела во надреалистичките изложби, иако во тоа време таа веќе подолго живее во Бразил.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Одредени детали се толку безначајни што ќе наидат на мал или никаков интерес кај обичниот читател, а поради применетиот систем на организација на текстот, информациите за одредени настани од животот на Дишан, тешко е, ако не и невозможно, да се пронајдат доколку каталогот не се прочита во потполност (иако е од некаква помош индексот на делата). (15) Меѓу безбројните нови работи кои ги дознаваме за животот и уметноста на Дишан од Ефемеридите, најизненадувачко и најинтересно е тоа што Дишан имал ќерка за која знаел но која ја сретнал дури две години пред да умре.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Имаше зраче надеж, како светлината која се прекршуваше, губеше, кршеше од заробеното парче витраж од некоја катедрала во Атеистичкиот музеј, кое доаѓаше од единствената фигура во таа заробена човечка протоплазма, а тоа беше од време на време навидум доверливиот глас на А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Адолф Хитлер, надвор од хуманистичкиот морал на дваесеттиот век сигурно би бил една од најмаркантните фигури во историјата на светот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Станува збор, да го употребиме поимот од тоа време, за еден ингениозен concetto, за една остроумно поентирана фигура во оптичка форма.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За време на демократијата беше армиски офицер и клучна фигура во организирањето на гардата како полу – воена единица којашто треба да го создаде и контролира новиот поредок во земјата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Мала и неважна фигура во политичкиот живот на една мала земја, човек кого судбината едноставно го поврза со предизвикот на големите настани, а тој не се двоумеше како треба да се одговори.“ Професор – доктор на науки Лазар Јовановски.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
...затоа овие текстови настанати колку што е можно повеќе во процесот на сопственото ослободување од дистанцата ги чувствувам како разоткривање на мојот пат кон новата проза па ја молам почитуваната редакција да ги прифати како мој предлог во поттикнувачката дискусија што започна да се води на страниците од вашето значајно литерарно гласило... искрено свој, зошто ги сакам кроки цртежите или како да се претрча тревогата од разделбите ...сочноста на зрелиот плод впиена во белината на хотелските соби сокот од нутрината излиен попатно танц фигури во постелината во воздухот допира против вечноста летот на недопуштената цигара кон езерото жарот и водата во неподносливоста куса и жешка средба...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Малком Џ на пример, го подучуваа да чита строгите и топли родителски фигури во еден затвор во Масачусетс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Останатото би требало да го знаете!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)