На султанот му побарав да се издаде ферман во Маказар да се изгради црква, а во Кажен, џамија.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Дадено на ќаата на везирот Мустафа 26 сефер 973 год. И Сефедин доби еден арапски коњ од султановото ергеле, го кладе ферманот во џебот и за дваесетина дена се врати во Прилеп.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Султанот Абдул Азиз кон крајот на XVIII век испрати ферман во кој се вели: „По барање на муслиманското и на православното население на градот Белград Арнаут (Берат), наредувам да се подигне црквата Свети Митри во центарот на овој град”.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)