фенер (имн.) - на (предл.)

Откако сѐ извадија од ковчезите и купија од дуќаните уште дарови не само за зетот и за неговите роднини, туку и за сите што беа поканети на стројот, и се послаа простирките и по должината на целиот двор, пред лицето на куќата, од каде што ќе доаѓаат гостите, таткото нареди да се запалат фенерите на улицата и ламбите во одаите во чардаците, макар што не беше стемнето и се гледаше добро од дневната светлина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Откако умре мајка, вие сте први гости во куќава, вели Левтерија, и го врти чепот, ама не може да го одврти. Јас го оставам фенерот на земја, се наведнувам да ѝ помогнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чекорам брзо по тесните сокаци... Светулки, како од фенерот на кочија со бел коњ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кога во муграта, брзајќи веќе и со згаснат фенер на чезата, се враќаа тивко в град, попот Никола ја праша Тодора: „Јас знам зошто го направи ова, ќерко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)