Навидум изгледа дека премногу невешто се обидуваме да го откриеме светот и неговите мистерии, но длабоко во нас совршено ги разбираме појавите и нивните законитости, точно онака, како некој скриен учител, да нѐ води со фенер во црна ноќ, низ безредието на мачното секојдневие, покажувајќи ни ја вистинската насока на патот, дури и во најтешките безизлезни мигови.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Пред сите нив, со фенер во раката, со младешки лик и срдечна насмевка чекореше неговата покојна мајка.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Заплиска пороен дожд Дожд од солзи... Во сенката од пеколни воздишки, Плачеше и темнината Се гаси и последниот фенер во ноќта, Под сенката на мракот.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Кандило од тиква, вели, фенер во магла.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)