фантазија (имн.) - е (гл.)

Фантазијата е фина работа. Меѓутоа, некогаш толку многу знае да нѐ опседне, што забораваме како е да живееме во реалниот свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Фантазијата е на власт, како и посветувањето и интелигенцијата, и ние токму сега го доживуваме, или во блиска иднина ќе го доживееме, совршенството на општественото: сѐ е достигнато, небото на утопијата се спуштило на земја и она што некогаш изгледало како сјајна перспектива, сега делува како катастрофа во фокусот на некое временско сочиво што го успорува темпото.“
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сѐ ќе чуеш... Многупати човечката фантазија е поголема од неговата болка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)