Добро, па како сакате да ви одговориме на факти кои вие сами ги засновате на филолошките безумства на Милоша Милоевиќа: дека Балканскиот Полуостров уште од памти век бил населен со Срби а само 200 илјади Бугари - Татари дошле и ги побугарчиле Србите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Би сакал да укажам на фактите кои се наметнуваат при внимателното исчитување на неговото ремек-дело, познатото “Големо Стакло”; меѓутоа, како што набрзо може да се забележи, алхемиската “експликација” само е една од можностите за “интерпретација” okno.mk | Margina #8-9 [1994] 195 на “Големото Стакло”, интерпретација која останува, повторувам, исклучително комплексна или (што всушност е исто) изнијансирана.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Самите овие слики се факти кои ја споделуваат и ликовната и логичката форма со она што тие го претставуваат.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Автентичната пропозиција ги отсликува можните состојби на работите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Зборовите на госпоѓа Марилеа за Ема беа шокантни, но брзо се прибра, пред сè затоа што таа никогаш не сакаше убавите чувства да ги гарнира со лоши претпоставки и секогаш, особено кога беше во прашање милата госпоѓа, се држеше до првото ниво; едноставно не сакаше за причините да размислува врз основа на факти кои допрва треба да бидат осветлувани.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Изборот, всушност не сопира овде, туку дури и создава факти кои се проучуваат.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Просто зачудувачки е фактот кој зборува дека со години на тој план ништо не се менува.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тоа веројатно им се броеше како заслуга за партијата, факт кој требаше да се памети, ако, партијата стигне до парче власт.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Се воведоа нови рокови за застареност, кои предвидуваа дека работодавачот може, поради причини на вина од страна на работникот, да му даде отказ во рок од 6 месеци од денот на дознавањето на фактите кои се основа за давање на отказот (субјективен рок), односно во рок од 12 месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот (објективен рок) (чл. 1 од ЗИЗРО/дек.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Се обидуваше да се соочи со фактот кој веќе однапред ѝ е познат.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
До следна промена кај оваа материја дојде во август 2008, кога целата оваа одредба едноставно беше избришана!? (чл. 5, ЗИДЗРО/авг.08); • прв пат се воведоа и одредби за застарување на правото да се даде отказ – имено, отказ поради лични причини на страна на работникот, работодавачот може да даде во рок од три месеци од денот на дознавањето за фактите кои се основа за давање на отказот (субјективен рок), односно во рок од шест месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот (објективен рок).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Меѓутоа, постои постепена акумулација на фактите кои ја потврдуваат валидноста на аргументот дека околината има позитивни ефекти и заслужува сериозно внимание.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Мудроста сама ги проби корењата, изродувајќи се од хаосот на факти кои што ја туркаа кон површината.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се најде пред една збрка од факти кои како стуткани хартии шумолеа во неговиот ум.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
-Причината за тагата, е човечка замисла: неразбирањето на фактите кои водат до неможноста за остварување на зацртаната замисла.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна (чл. 289, ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
9. Заради проверување на прибавените докази или утврдување на фактите кои се од значење за разјаснување на работите, органот што ја води постапката може да одреди реконструкција на настанот, која се врши така што ќе се повторат дејствијата или ситуациите во условите под кои според прибавените докази се одиграл настанот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)