По окончувањето на целиот случај, работничката остана и продолжи да работи во фабриката на истото претходно работно место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Таму во Ташкент не престанавме да се прашуваме зошто тие по излегувањето од Сибир, не најдоа храброст да се појават пред поранешните борци, сега работници во советските заводи, во фабриките на Чехословачка, Унгарија, Романија и во Полска?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Првата половина од парите ѝ е исплатена уште наредниот ден, а втората половина – после десетина дена од потпишувањето на Спогодбата. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред Револуцијата, тие биле подмолно угнетувани од капиталистите, биле изгладнувани и камшикувани, жените биле присилувани да работат во рудниците за јаглен ( жените, всушност, сѐ уште работеа во рудниците за јаглен ) децата биле продавани во фабриките на шестгодишна возраст.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога Толе допре со очите до Алшари и го виде оџакот од фабриката на златниот рудник, испушти една длабока воздишка, сеќавајќи се на приклучението со Аќифа, а во исто време му излезе пред очи убавата Прочка, која беше ја фрлил во заборав.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)