Околу наоколу општината и училиштето ќе бидат заградени со еден ист ѕид - еве го и него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Репрезентативно ќе се расправа - а во училиштето ќе учевствуваме масовно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Општината и училиштето ќе бидат овдека изградени, на долните падини на Горник и од горна страна на срецелото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ако не оставиме да ги осветат грчки попишта, а ние нема да оставиме, ако писмото во црквата биде наше, а не грчко, ако децата во училиштето не учат наше писмо, а не грчко, ако во општината се служиме со наше писмо и наш јазик, црквата, општината и училиштето ќе бидат наши а не грчки, вели Максим Акиноски и ја зема од скутот тутурката која на краевите и на средината е заврзана со црвена панделка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Татко советуваше, но никогаш не беше категоричен, оставајќи си секој сам, во крајна линија, да одлучи за какво училиште ќе се определи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Наутро пред поаѓање на училиште ќе си се прекрстев, ќе си го повикав Господ да биде со мене и лекциите за Народно ослободителната војна, за Тито, за Маркс и Ленин ги учев додека да речеш „бричка“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)