- Нам само ни се причинува дека молчат - продолжив со објаснувањето - а познато ни е уште од средно училиште дека ништо не исчезнува и ништо не се губи, освен украденото.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се шушкаше во училиштето дека жена му го изневерила со некој близок пријател и дека се заколнал дека еден ден ќе ги претепа и двајцата, дека ќе ги убие.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Знам, учевме ние во училиштето дека таа заради своите убавини и заради белиот бор што само таму расте е прогласена за национален парк, ама дека е толку убава не можев ни да сонувам.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)