Така на Имотот останаа да живеат, пак под закрила на Началството и под закрила на луѓето што работеа на Имотот, двете најмалечките, Неделко и Тоде, зашто постарото од нив, Петар Младенов Акиноски, беше испратено во Бугарија, во Софија, за да се изучи во тамошното воено училиште за офицер.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Организирањето на вечерните училишта за Македонците печалбари, основањето на јадрото од коешто израсна Младата македонска книжовна дружина и остриот судар со бугарските власти на Стамболов, затворањето и потоа бегството во Македонија – зборуваат дека Груев навистина бил „во бројот на сепаратистите”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На 12 години, Фернандо бил испратен од својот вујко, познатиот „Афисионадо“ на коридата, во училиште за матадори.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Иако не беше ни малку наивна, ни лекомислена таа се нагрби со едно скоро невозможна работа за тогашното време и прилики, се нагрби да отвори занаетчиско училиште за младите девојки од гратчето и околните села.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Првиот меѓународен Мејл-арт манифест по повод 20-годишнината на „Њујоршкото дописно училиште за уметност”, основано 1962. од американскиот уметник Реј Џонсон Мејл-уметници ширум светот! Мејл-артот има веќе дваесет години!
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Првобитното „Њујоршко дописно училиште за уметност” (како што рече Т. Елбрајт во ревијата „Ролинг Стоун, април, 1972.) „беше училиште составено од еден човек, уметникот-колажист Реј Џонсон, плус неговиот статут, но во заднината стоеја стотици личности - уметници, критичари, писатели, кои разменуваа пораки со Џонсон...“
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тоа беше училиште за најголемите бубалици, а не за слободоумен човек како мене.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
за маскенбалот на поголемата ќерка во училиштето за странски јазици и за разговорот со професорот по математика, што ќе ја оставел на поправен испит, а потоа и со професорот по физичко воспитание, оти бегала од часови,
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
— Па, тоа не се учи, му велам, нема училиште за бацување.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веројатно некое училиште за чиновници во пошта.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во малите пошти животот бил угоден, му пишувала Аксја.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)