Бидејќи во тоа време училиштата беа напаѓани од државното законодавно тело како „рај за хипици, поети и револуционери”, како се изјасни еден од државните сенатори, многу луѓе мислеа дека му правам само лоша услуга на училиштето.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Првите книги што започнаа да ги читаат надвор од здодевната задолжителна литература која стерилно ја репродуцираа на училиште беа џепните изданија на БИГЗ на српски јазик.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ица, бидејќи имаше целосно доверба во него и бидејќи училиштето беше блиску, патем немаше сообраќајница од која би се плашела, сепак спокојно ги пушти.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Училиштето беше двокатно зградуле, со српски синикаво одамна обоена фасада.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во горниот дел на селото – долга двокатна зграда. Училиште беше.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тој е премногу паметно и силно дете. Вистински вундеркинд. Во основно училиште беше најдобар по математика, физика, хемија, физичко и музичко.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
1. Од Еколошката секција при нашето училиште бев задолжен да извршам разговор со претседателот на Еколошкото друштво „Здрав живот“ - Кочани (името не го пишувам, лично сметам дека претседателите се менуваат, а принципите остануваат).
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Козите сигурно го освојуваа градот. Набргу се врати детската врева, децата сега поцврсто газеа, нивните игри беа подолги, успехот во училиштето беше подобар.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Целото училиште беше полно со војска.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Можеби најзначајната причина постарите браќа да се определат да учат во средни стручни училишта беше можноста тие што побргу да завршат и да најдат работа, за да им овозможат и на другите помали браќа и на сестрата да се школуваат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)