А ако на SimStim-овите им додадеме уште и интерактивност (можност за учествување во процесот) - добиваме виртуална стварност, вештачка стварност што можеме по желба да ја менуваме.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
А протогеј-субјектите реагираат на настраното нудење на одредени одлики или состојки на тие главнотековни облици што комуницираат со чувството на тие деца за различност, со нивната желба за бегство и со нивната волја да замислуваат алтернативи, како што тоа го срочил Бери Адамс.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со други зборови, еден процес на социјализација во машките геј-културни практики може да започне во раната возраст, долго пред почетокот на активниот сексуален живот и пред почетокот на возрасното учествување во некоја геј-заедница, затоа што протогеј-субјектите уште на таа возраст започнуваат да создаваат или, можеби, само да изнаоѓаат нестандарден однос кон сексуализираните или обродените вредности што се врзуваат и со главнотековните жанрови на дискурс, на чувствување, однесување и лично изразување и со културните облици (мјузиклите, трагедиите, мелодрамите, историското конзерваторство, разните естетски практики и интереси) и нивните сврзани емоционални облици во индивидуалното однесување, кои ги отелотворуваат, распространуваат, рутинизираат, зајакнуваат и консолидираат тие жанрови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Децата може да бидат во некоја ограничена мера изложени на високоразвиените културни облици што содржат и што одржуваат жанрови на дискурс и на изразување – а дури и да се изложени уште од рана возраст на, да речеме, мјузикли или на мелодрами, можеби нема многу да извлечат од нив – но тие се длабоко изложени на стиловите на лично изразување што тие форми ги дефинираат, бидејќи таквите стилови на изразување го обликуваат секојдневниот емоционален живот и ги конструираат разните прагматични начини на кои старателите на децата зборуваат, се изразуваат и се поврзуваат со децата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, веќе ги утврдивме трите услови чие содејство е и нужно и доволно за да се објасни општествената репродукција на машката геј-култура. (1) Дури и ако конвенционалните, хетеронормативни жанрови на дискурс се исто така и жанрови на чувствување и стилови на лично изразување; (2) ако главнотековните жанрови на дискурс, жанрови на чувствување и стилови на лично изразување се кодираат за родот и за сексуалноста според стандарната културна поетика – така што се интонираат со конкретни општествени вредности што различно се поврзуваат со конкретни обродени или сексуални улоги; и (3) ако таквите жанрови на дискурсот и стилови на чувствување или на изразување се обликувачки за одделните субјекти уште од раната возраст во животот – тогаш навистина е возможно во машката геј-култура да има нешто како примарна социјализација, доколку извесен дисидентски однос кон тие жанрови на дискурсот и на изразувањето претставува дисидентско обликување на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но јас знаев дека учествувањето во веселоста не разболува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)