Набрзо потоа ме утеши, а дури и ме зарадува мислата дека сигурно имала бурна ноќ, за која подоцна со нетрпение ќе ми раскажува, па утрово се вратила во својата драга постела, да го досонува остатокот од животот ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Оттогаш, секое утро се разбудувам пред муграта и ја гледам. Ова ми е прво утро да ја видам вака валкана, градска.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Секое утро се постројувавме, се избројувавме, правевме гимнастика и во строј одевме во менза по истиот воен распоред како што бевме порано, со истите команданти и политички комесари.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога следното утро се разбудил, знаел дека веќе никогаш не ќе лета во темница: неговото чувствително ноќно сетило исчезнало.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Набргу целата гора запеа и сончевото пролетно утро се претвори во празник.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)