Александар не се сметаше себе си за херој, не познаваше ниту еден таков и беше убеден дека такви не постојат, но секое утро му се чинеше дека ќе ја изгуби самоконтролата, ќе го собори Петар на земја и ќе му го пресече грлото со еден од кујнските ножеви на мајка му.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
На прозорецот ја гледа и пчелата што неколку утра му доаѓа и прпелка, удира на стаклото да влезе внатре.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тоа утро кога не се смилуваа ами преку врска го примија в болница, тоа утро му студеше на лозарот, а немаше топли чорапи, тоа утро лозарот од Неготино потајум и во себе се прашуваше - ако докторите доцнат, доцни ли и смртта?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Мајката напиша на едно ливче: „Утрово му викнав на Димчета да си ги врзе чевлите, само што го изговорив тоа ми се врза јазикот.“
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Како во софистицирана програма за анимација можеше да го реконструира секое негово движење - начинот на кој застануваше пред огледалото и во профил си го гледаше задникот кога пробуваше фармерки, благата повиеност на ’рбетот и затегањето на мускулите дур отвараше конзерва грашок, дланката со која се обидуваше да го задуши бунтот на влакната кои секое утро му прогласуваа автономија во косата, влечењето на нозете во полураспаднатите влечки, сите извивања на телото под различни агли и во различни позиции, кога тоа беше ненаспано, возбудено, бакнато или тажно.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)