утро (имн.) - го (зам.)

Џинот беше тој што секоја вечер го фрлаше во зашеметеност и џинот беше тој што секое утро го оживуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Срамот што ова утро го доживеа до толку повеќе му тежеше, бидејќи со неискажлива самоувереност и радост тргна да ја види Викторија на Попставревци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во него таа ги услужуваше гостите што доаѓаа во Центарот и сакаа малку да се опуштат под големиот костен пред бифето, но имаше и точно утврдени дневни обврски: секое утро го вареше и го сервираше млекото за појадок на жените, а за службениците на трите стражарски места и за Гоше од осматрачницата напладне подготвуваше топол оброк.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Младоженецот од рано утрово го забричиле по веш-маица, ама снимено е, „ќе гледате на лента“, нè извести бабата и нè внесе кај неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не гледал ли дека утрото го сменува денот, а летото есента и зимата, а? Сега сме ние тука.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А замислете си, таа лесно препознатлива скапоценост од мојот спомен, наеднаш, во едно обично работно утро го забележав на вратот на Деса, секретарката на другарот Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи ѓерданот што го препознав беше причина да заклучам дека Басотова навистина е ограбена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога пак Јаков ќе заминеше, таа не можеше да заспие и ги впиваше во ноздрите, исцрпена од дивата љубов, мошусните мириси што во нејзината постела ги оставаше неговото жилаво темнокожо тело и кои одново ја преплавуваа и до болка ѝ го јакнеа копнежот по него.  Утрото го обои прозорецот во румено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Огновите цела ноќ се одржуваа, се бореа со налетите на ветрот, ама кога утрото го откри просторот со малечката станичка, со полето и со забот на туланата, сите беа притулени и испозаспани.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Утрото го размесувам лебот, а Јон си иди. 235
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)