Обајцата Балканци, прекинати во зенитот на остварувањето на своите идеали, за другите илузии, маргинализирани и без надеж да си го најдат заслуженото место, решија да си најдат утеха во преведувањето.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но Трпе истрпе транзиција па ќе го истрпеше и семејното насилство. Трајче му беше единствената утеха во заебаниот живот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Овде животот се мери со корупките на изедените банани.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Будалштините се утеха во ноќите посипани со вештачки звезди.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Мојата позиција за жал нема тежина да “лупам по беднава шведска маса”, но затоа имам засолниште во уметноста осознаена како религија... ако воопшто тоа може да биде утеха во контактот со силните идиоти.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Толку ми треба некоја мала утеха во оваа безизелзност во која се наоѓам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Бараш утеха во подвижните прегратки, ш’шкавите симулации, брановидните форми, кадите и леѓените. перничињата на прстите се набираат, твоите се лутат, сонцето пече, но ти тврдоглаво го протнуваш телото низ гумениот обрач, и се фрлаш во базенот, ја потврдуваш акватската теорија: кожата ти е мазна ко на делфин, под кожата имаш сало и си се родил обвиткан во Vernix caseosa, поблиски ти се морските цицачи отколку некаков влакнест, копнен мајмун.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Веројатно не ни требало да барам утеха во некој друг.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
На крајот на краиштата, само смртта може да ме раздели од утехата во мене самата.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Се сеќаваше на утехата во нежниот допир на нејзината рака по брадата која оттогаш веќе никогаш не ја остави да порасне.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Има некаква утеха во тоа што, колку и да сте Вие лош и ништожен, постојат други луѓе, кои се подолу и од Вас“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
И навистина, има некаква утеха во тоа кога ќе видите дека некои луѓе не можат да го променат своето недолично однесување, а вие, не само што го регистрирате, туку им помагате да го прават тоа во континуитет.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во нивните исплакани очи секако веќе и немало солзи: Господи и мајко богородна и Гавриле Лесновски, стоплете им ги душите на Богдан Срменков (дванаесет години) на Горан и Јордан Пенков (тринаесет и шеснаесет години), на Салко Пребонд (петнаесет години) и на Климент Темелковски (шеснаесет години), но коските молчеле далеку од сите очаености на живите, и му биле верни на чудесниот спокој што ни бара ни прима утехи во својот заборав за она што е ден и она што е ноќ, за сѐ што е грч на тегоби.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И останале со положени дланки на плочите и со молитва од која само усните им потреперувале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оној кој им беше водство и утеха во овие четириесет години талкање, оној што го изведе нивното избавувањето од египетското ропство, оној што имаше од бога пренесена моќ, само со допир од својот пастирски стап да ја окрвави цела, големата река Нил; оној што на моќниот фараонски Египет му донесе божји казни и несреќи, тој што по волјата божја го отвори длабокото море и на неговото дно направи пат за безбеден премин за својот народ, првиот патријарх на јудејското племе, оној од кој почнува бележењето во светите книги, тој што во деновите на талкање и глад се помоли за спас и го нарани избраниот народ според божјата благодат со мана, чудесна храна што бог ја истури од небото и, на крајот, оној што го доведе својот народ до ветената земја, а самиот не дочека да стапи во неа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но барем ако не како некоја дефинитивна цел, тогаш како утеха во мачнината на бескрајот во кој е фрлен човекот, постои мистеријата на литературата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Многу творечки идеи, зачнати на кафеанска маса (не во брачна постела), си нашле утеха во празните чаши.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сепак најголема утеха во меандрите на судбината на татко ми му донесуваа книгите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И сето тоа како утеха во оваа потрага по патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Стотици години бевме на таа наша земја крај Езерото, а сепак останавме туѓинци, размислуваше, небаре наоѓајќи утеха во една мисла од Кабалата која ја прелистуваше во миговите кога се двоумеше дали да ја земе или не.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ги повикував другите синови, барајќи некаква утеха во тоа, да побрзаат за да не биде доцна, да не си поигруваат со осаменоста на родителите, да заборават на помислата дека мајка им ќе биде секогаш тука, дека ќе ги чека, зашто, еве, мене повеќе не ме чека.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)