Во своите напори успеа да дознае само дека едното од децата, поточно девојчето е посвоено во Белград, а момчето било префрлено во една детска установа во Суботица.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Прво, беше прецизирано дека поставувањето на в.д. директор од страна на Владата, во случај ако се констатира дека здравствената установа во која се штрајкува не обезбедила итна медицинска помош и минимална функција на сите организациони делови во процесот на работата, се однесува на јавните здравствени установи (чл. 288, ЗЗЗ/12) и, второ, беше воведена глоба од 3.000 до 6.000 евра за здравствената установа која нема да обезбеди вршење на здравствена дејност во услови на штрајк (чл. 306, ЗЗЗ/12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
И така, првото нешто што ќе треба македонската интелигенција да го извојува тоа е: отстранувањето на недовербата меѓу интелигенцијата со разно национално и религиозно образование; обединувањето на таа интелигенција како во самата Македонија така и зад нејзините граници; заедничкото опсудување на општите интереси на Македонците; отстранувањето на национално-религиозната омраза; воспитувањето на Македонските Словени во чисто македонски национален дух; задолжителното изучување на македонскиот јазик и литература во средно-учебните установи во градовите со словенско население; обучувањето во селските училишта со словенско население на македонски јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На оваа најголема и најпозната здравствна установа во Париз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Законот не дозволуваше тие жени, сеедно од која причина сопрузите ги исфрлиле од дома, да имаат право да ги земат со себе децата, доколку нивните мажи не ги исфрлиле и децата заедно со нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нејзиниот поглед секогаш имаше нешто мајчинско кога доаѓаше од установата во чие основање учествуваше и самата, а во која беа згрижувани жените избркани од своите сопрузи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Уште пофрапантна неспособност Хамидовата полиција покажала подоцна, кога низ сите страни се ширеле гласови, а некои европски весници ја објавиле веста, дека македонските револуционери подготвувале напади врз разни значајни установи во Солун и во други градови во Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Остана само на тоа дека посвоеното девојче без адреса е во Белград и братчето во некоја детска установа во Суботица.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)