Ја тресеше главата и говореше брзо оставајќи ја устата отворена како да покажува златен заб.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Постојано седам со устата отворена, како да ми е многу интересно, а всушност не можам да дишам од друго место освен од неа. Затоа изгледам како риба.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
На календарот веќе не ги чкртнувам изминатите дни, затоа што почнувам да го сакам сплоснатиот нос на Дејан, мојот завој и нашите здивови без мирис, а со вкус.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Претпоставувам дека, ако би ни биле познати сопствените коски, никогаш не би ги покопувале мртвите, туку би ги чувале како светињи во соби уредени онака како што би сакале да ги затекнеме кога ќе отидеме во посета; а нашите непријатели, доколку ги украдеме нивните тела од боиштето, треба да ги ставаме во музеј онака како што умреле, со сѐ уште видливиот челик во телата, со искривени шлемови, со неизносени заштитни капни на чевлите, па пријателот и непријателот би станале толку неверојатно историски што и за сто години би ја затекнувале устата отворена за истиот говор и сите делови со кои сме го минувале животот прободени какви што отсекогаш биле - градниот кош, околувратникот, черепот - сѐ уште повторувајќи се, сѐ уште предизвикувачки, лесни како ангели, сѐ уште вредни за сеќавање и љубов.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)