уста (имн.) - сака (гл.)

- Екологисти! - гласно ѝ просаскав на мајка ми, но таа ми одмавна со раката и ја стисна устата сакајќи да ми рече да молчам и да не ја деконцентрирам кога зборува по телефон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Еве, на пример, тука, на шанкот имам испрскано специјално средство, слично како тоа што е на трпезариската маса, ама не исто и треба да отстои одредено време без ништо да се става на површината, - тетка ми малку подзастана за пак да подголтне, - па сакам, ете, да биде специјално убава куќата - каква што е и сега за тебе! - тетка ми заврши со објаснението и ми упати една голема, искрена насмевка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)