Среде распупените копнежи на небото витката става на пламенот во луд занес ги обезглавува изџимканите сни и не ги одлепува усните од цуцињата на бардињата од кои дурлат огнови во течна состојба.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Гризеше од сочниот плод, џвакаше со предизвикувачка сласт и пак гризеше низ смеа, со широко развлечени усни од кои карминот се лепеше на преостанатиот дел од јаболкото во нејзината рака.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
На образите им се отиснати усни од руж, најјасно на машкото.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)