уредување (имн.) - на (предл.)

Организацијата и уредувањето на просторот на себе ја презеде Виктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А и татко ми не ретко ѝ помагаше во тоа чистење и уредување на куќата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се разгледав наоколу и ги видов уште порано започнатите работи околу уредувањето на просторот околу бунарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На пример, точно е дека Никола Поцо бил примен од султанот Абдул Меџид и дека добил ферман за уредување на проблемот со даноците и за градење на црквата. Како успеал, тоа е друга работа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Според него, „сликата е израз на јасно растојание меѓу две уредувања на културната стварност“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
По погребот, Лена, снаа му, остана таму, да биде некое време блиску до мртвиот маж и да го надгледува, како што вели, уредувањето на гробот што мене ми го даде.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И ич не беше загрижен дали работите на уредувањето на гробот на Борко се одвиваат брзо.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сѐ уште се мачев околу уредувањето на гробот на Борко, може да се рече, ги правев последните работи, кога тој ден во септември тргнав на спротивната страна од долнечките гробишта да видам што е работата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Му реков: Јас се договарав со него, велам, и штом се заврши уредувањето на гробот, ќе треба да се спремам и еден ден да заминам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Закон за изменување и дополнување на Законот за инспекција на трудот, Сл. весник на РМ, 36/2011. 99 Со второто изменување и дополнување од 2013 година,89 се врши подетално уредување на надлежностите и должностите на Директорот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Учествувал во уредувањето на „Млада литература“, „Књижевна трибина“ и „Културен живот“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
 4 Оттука, ако немаме парничење, во духот на светиот правен принцип Bona fide [„совесно и чесно“] – не може ниту да се развие објективно [материјално] право, бидејќи уредувањето на овие правни правила, по правило, е cura posterior!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во Решението се наведува неиздржано образложение дека Марковски, кој побарал писмена информација за причините за неисплата на хранарина  ги злоупотребил и пречекорил овластувањата регулирани во Колективниот договор за уредување на правата и обврските на работниците во МЗТ „Пумпи“ АД Скопје3 и дека сторил тежок прекршок на работниот ред и дисциплина поради тоа што, во директорската канцеларија, изјавил дека работниците ќе штрајкуваат доколку не им бидат исплатени заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Реално постоечкото ‘право’ е всушност оној збир од правила што ги имаат утврдено судовите!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неувидувањето на оваа вистина, е само несакање на противниците на овој реален став, да се соочат со фактот дека судиите непрекинато носат ‘закони’ [читај пресуди] со повратно дејство – оти спорот за кој пресудуваат е настан кој веќе се случил во минатото и којшто подоцна, ретроактивно, се разрешува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)