управник (имн.) - на (предл.)

- А вие кој сте? - му се сврте управникот на Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
— Името е машко, вели, но сопственикот е жена, вели, накај осумдесет носи на душа, вели, кое судии, вели, кое управници на логори, вели, кое по некое ѓубре како тебе, вели, но нашите убиства не ја загрозуваат државата, вели, вие со една парола ќе го кренете народот, вели, не може да си ја затвори устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
74. Д-р Б.М. Бешков – секретар и потоа (од јуни 1903 год.) управник на Бугарското трговско агентство по Битола до Востанието, кога е заменет од д-р Д.Кожухаров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се прашувам – што беше убавата сопруга на дебелиот управник на северните провинции?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ја стега и не ја пушта ни на попатните станици каде што автобусот запира за одмор, а не ја пушти ни кога стигнаа во Скопје, ни кога врвеа по улиците, ни кога дојдоа во интернатот; ја држеше и во канцеларијата на управникот на интернатот каде што татко му го внесе да го пријави.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Почекајте малку! - рече стражарот. - Треба да ве пријавам кај управникот на затворот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога ќе се затечат во градот Скопје луѓе на славниот маченик Христов Ѓоргија, тие не работат никакви државни работи и нема над нив власт, ни судски чиновник, даночник или управник на тврдина, ни пазач на магацини, ни собирач на соколи, на коњи, на пци, или кој и да е друг чиновник. Тоа запомни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)