уплив (имн.) - на (предл.)

Делуваше мошне авторитативно, но од него зрачеше доверлива срдечност, беше директен, јасен и транспарентен, совршен дел на големата американска дипломатска машинерија вешто и ефикасно распоредена на целата планета.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но се разбира оваа пропорција претпоставува силна институција, со цврсти внатрешни канони на почит на автономните дејства на дипломатската мисија, каде што политичките упливи на извршната власт се строго нормирани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Настојуваше, значајната мисија која ја имаше во Тунис, како земја на голем сојузник на Бургиба, да ја ослободи од било каков уплив на авторитет или дистанца со другите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во традициите на дамна востановените дипломатии постои логична и функционална пропорција на дипломатските кадри кои се формираат од матрицата на институцијата односно Министерството за надворешни работи и страничните политички именувања, не поголеми од десет проценти, најчесто одредени според волјата и диктатот на новиот шеф на државата, на Владетелот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Претседателовата експлицирана идеја за хумана преселба на населението, како начин за решавање на српско-хрватскиот проблем тогаш би била, под хипотетичкиот уплив на мудриот Мирослав Крлежа, белки уште похумано реализирана. Маргина 35 23
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)