унија (имн.) - на (предл.)

Трите дела на империјата биле под персонална унија на Александар: како Персиски цар на Азија, хегемон на Коринтскиот сојуз на елинските држави-градови и крал на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сакаме тезата за балканската унија на јазиците, за која се согласни одреден број балканолози лингвисти и различната интерпретација на феноменот на јаничарското, односно на светската мерценарија, да ги изведеме на ниво на непосредна комуникација која би одиграла значајна улога кај балканските народи, во покажување и доминација на сличното обединувачко над различното разединувачко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Националната унија на француската култура и библиотеките го препорачува ова одлично дело во својот жанр.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)