уметност (имн.) - ќе (чест.)

Вака издвоени, комерцијалните од порадикалните ставови за уметноста ќе овозможат една интерна битка која ќе се одвива во дијалектичката релација меѓу уметничките и комерцијалните вредности на уметничкото дело.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Иако неговите скулптурални објекти, инсталации и перформанси честопати формално се чини дека потсетуваат на такви движења како Флуксус, Минимализам, Арте Повера, Концептуална уметност и перформанс, Бојс не престана да инсистира дека во основа неговата работа фундаментално се разликува од онаа на неговите современици.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бојс чувствуваше дека преку неговата уметност ќе може да навлезе во архаичните сили кои лежат зад прагот на перцепцијата; неговите дела треба да ги канализираат тие сили во моќна „Констелација од енергии“ што понатаму ќе продолжи да еманира. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 87
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Големиот руски режисер и модернист, Андреј Тарковски, за уметноста ќе рече дека е нераскинливо поврзана со прашањето за значењето на егзистенцијата на човекот во вечната потрага по апсолутната вистина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Стана јасно дека другите облици на уметност ќе бидат дури тогаш стварни, т. е. ќе творат стварност, кога ќе се ослободат од својата емпирија и ќе ја достигнат во науката веќе реализираната теоретска егзактност.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сите ние што во тој момент бевме во The Kitchen и го избравме стоењето во ред во очекување на ‘театарскиот миг’ кога на местото каде што е цервиксот името на уметноста ќе се поклопи со името на порнографијата, го доживеавме тоа преклопување на сцената на телото на проститутката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од своите седишта, гледачите го гледаа цервиксот од друг агол: широк план на цервиксот како претстава.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За која уметност ќе им зборувате?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во елегантно изведениот вовед во Апокалипса, Бароуз прецизно ја опиша виртуелно- реалната уметност на иднината: Кога уметноста ќе ја напушти рамката и кога пишуваниот збор ќе ја напушти страницата - не само физичката рамка и страница, туку рамките и страниците на одредените категории - се случува базичен опис на самата реалност; либерална реализација на уметност...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во пропорција на она што е додадено на нејзината поране­ шна јурисдикција, уметноста ќе биде помалку самоуверена, токму поради неможноста да владее со она што ја надминува, ја исмејува, ја возбудува.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Го бележев итинерерот на некогашниот престој во пеколот на враќањето, со надеж дека уметноста ќе прости!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Всушност тој се надеваше дека преку детската уметност ќе успее да се растерети од „световно” приземнетата софистицираност на своите творби, со цел да обелодени еден универзален визуелен јазик.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога Пол Кле се врати од своето уметничко „усо­вр­шување” во Рим, 1902. година, барајќи рамки во оставата на родителскиот дом, тој налета на некои свои детски цртежи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Друг пример: ако “Јас” се признае како она на што другите луѓе велат “ти” (ако самопризнанието се признае како последица на признавањето на други) тогаш ќе отпадне и разлаката на со-знание и при-знание: науката и уметноста ќе се гледаат како “политички дисциплини”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Станува јасно дека другите форми на уметноста ќе станат стварни, т.е. ќе творат стварност кога ќе се ослободат од својата емпирија и ќе ја достигнат во науката веќе реализираната теориска егзактност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)