Беспримерното постигнување на телото... во уметноста е визуелизирање на постојано изменливи, меѓусебно признавачки релации на моќ и потреба, внатре во измените на односот субјект/објект.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кога телото станува материјална потпора, субјект, содржина на уметноста, тоа ја задржува можноста да ги измени детерминираните и фиксни односи коишто некогашниот објективен статус на уметноста ги бараше во играта на субјективитети поставени и емитирани со телесни гестови, структури и односи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Деструкциската уметност е повторно договарање на таа болка.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Деструкциската уметност ги претставува односите меѓу болката и замислувањето.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Негативноста - и со нејзина екстензија, кога се појавува во уметноста, деструкцијата - се појави за да им пркоси на западњачките општествени и естетски канони за вистина, хармонија и ред.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, далеку од простото отфрлање на општествените и естетски вредности на западната култура, деструкциската уметност ги разоткрива нејзините структурни принципи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)