Со тоа уметноста станува пат за преобразување на свеста, една пред сѐ ментална дисциплина чија цел е духовната еманципација.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Елипсата како спротивност на “самозадоволната кружница” во уметноста станува темелна маниристичка форма, како впрочем и нејзиниот пендант, параболата, или, уште повеќе, хиперболата во литературата, односно во маниристичката “парареторика”, каде што соодветните поими (елипса и хипербола) можат да се доведат во врска со оние на Кеплер.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
На тој начин неговата уметност станува дел од една глобална мрежа на уметнички комуникации (mail- art network) која претставува, би можеле да речеме, едно посебно уметничко дело, една пулсирачка духовна творба која ја опфаќа целата планета.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Модифицирана со зборот ECCHZMO- SES, уметноста станува облик на насилна еротика на умот, која произлегува од незаситените желби кои се примамливи, а сепак потчинувачки, болни и перверзни.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во општеството толку строго во однос на човековото однесување, кадешто викторијанскиот дух доминира наметнувајќи една речиси детска срамежливост, уметноста станува шокантна, безначајна, неморална и изопачена како забранетото овошје.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)