Уметникот е агенс, а мудрецот катализатор.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Андерграунд уметникот е како Сократ - филозоф и мудрец во своето тело и во реонот на својата перцепција; доколку андерграунд уметникот биде вознемирен и испровоциран од масите тој уште подлабоко бега во подземјето.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Значи, уметникот е шизофреник кој со едното око и едниот дел од душата ги рециклира идеите на мудрецот, а со другото око и другата душа ги следи и испитува делувањата на масите и тираните.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Уметникот е оној кој предизвикува проблеми.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Одбери популарна тема од селскиот живот, нешто за ослободувањето од ропство, родољубив мотив кој ќе го помогне народното дело. Одговорноста на уметникот е да просветува!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Кога уметникот е многу тажен, може да напише божествена песна која ќе биде хит во цел свет.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Жилберт&Џорџ: Не. Има отпор кај пет луѓе, петмина критичари.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)