Шо ум ќе ми дадиш ти? Јас сакам и неа да а прата кај тебе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А со Татковиот ум ќе преживееме уште потешки времиња.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
А! Уште еднаш со ум ќе фаќаме работата, еќим ефендија! — одговори Суло за сите тројца и тргнаа да си идат за Ерековци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ами овие сега - па, па, па, па! До еден се поразеници. И уште ум ќе ми продава, мрсулко!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Уката е страшна мува. Те напаѓа, умот ќе ти го испие.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Па после друг ум ќе ме удри.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од ум ќе излезеше Профим; до полноќ жена си ја јадеше, од полноќ самиот; ја носеше и по доктори, по бајачки, по свети води и манастири, икона од Света Гора ѝ донесе да преспие со неа, но ништо не помагаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ќе се испостави дека не сте престојувале на Закинтос, туку само во оваа канцеларија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ќе заминете, велам и ќе се обидувате да се сетите на Закинтос, а сè што ќе Ви паѓа на ум ќе биде оваа канцеларија со типична војничка декорација и евентуално, пејзажот што се пружа онаму, кон убавата долината на Аргаси.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не знам како изгледа но знам дека тоа се случува кога на умот ќе му тргне од рака да ги истресе од нашите глави грдите тровчиња што таму ги наросило невремето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со чиј ум ќе ја прајте? Со умот на егзархијата или со умот на патријаршијата?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Испаѓа како да му се ситам со неизбежното грдо и грозно доживување во моментот кога, откако ќе влезе дома, ќе се сети што го очекува горе во спалната каде што ќе ме најде легнат на плеќи, со устата зината, можеби и полна со муви и со очите оврлени, дека умот ќе му штукне од тоа од што веќе и мене ми се крева косата и ми се гади.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Гледате ли? А пак што сѐ прави со Зоки, тоа не може да се раскаже, умот ќе ви застане!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ќе си живеам сам и како што умов ќе ме учи...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тогаш светот ќе го гледаш со духовни очи, работите сами ќе ти се разбистрат, затоа што умот ќе ти се просветли.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Доколку му забрани или го успорува влезот на Светиот ветар, во неговиот ум ќе владее темнината: тогаш како на пустинскиот рамен песок, ишаран од ветарот на пустината, во неговиот ум, секогаш ќе се повторуваат истите нешта, врз површинското платно на секојдневието.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Само со тишина во умот ќе успееш да се отвориш кон светскиот прозорец без страв, зашто, иако имаш див поглед, кроток си во срцето.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Потем следува сè што се збира во салдото на еден обичен живот - некогашниот малечеок летач со умот ќе подостари како и дрвјата во сибирските тајги и на дедовата загриженост, а и на бајачката, ќе си припомни баш кога пилотот ќе соопшти дека она што се гледа низ малото прозорско окно на авионот е Екатеринбург, последната станица на возот на династијата Романови.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
„И на оваа, како и на синот, умот ќе ѝ биде во книгите, тешко на децата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога на големиот ум ќе му стане тесно во главата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ах, рекоа татко му и мајка му, на овој умот ќе му биде по скитање...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Зашто мудрецот од Калкута велеше: природата постојано иста ќе се повторува, а само човекот сѐ понесреќен и понесреќен ќе станува, зашто духот и умот ќе го влечат сѐ понаред, а силите не ќе можат да го следат...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)