„Останувам при тврдењето изнесено во мојата пријава“, му одговорив на иследникот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Препрочитувајќи ја изјавата на Цвета Басотова бев навистина вчудовиден. Но умот сѐ уште ме служеше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но откако зафати војната, на луѓето умот сѐ повеќе им се сврти кон гробиштата; започнаа да ги оградуваат, да ги чистат гробовите од трње, пиреј, капини, глог, змиорики, повит; зафатија да се натпреваруваат луѓето кој подобро и полично ќе го уреди гробот на својот предок, на своите блиски и роднини; започнаа надгробни споменици од најличен камен и мермер да се прават.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)