И затоа јас со овој умот мој будалски си велам дека нему тоа зло му дојде од ливаѓани.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Мене моите денес ме пуштија воловите да ги пасам, а не да биглеам со умот мој будалски“, си рече Севда.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Како што ја разбрав со умот мој прост.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
О ти, моја душо страдна, О ти, ум мој – пламнат жар, не се нити сенки вијат, нити мајкин страден лик, туку, ах, е прво либе, сон не знае, гори в жал гради кине век да скрие – чека в младост ноќ и ден.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Откоа го ислуша воло овчаро, се позамисли малце и му рече: - Доколку што ми ваќа умо мој, овчарко, ќе ве пресудам, ама ат'р да не ти остани: вие луѓето ич чоештина немате, у вас милос нема, ни на ѕвероите, ни на гадоите; исав у вас нема.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Не знам зошто но во тој момент ми дојде на ум мојот почитуван доктор Настев.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Јас се си мислам со овој умот мој будалски оти тие двајцата, Војне наш и тој Сврделот ја смислија таа работа Војне да се грее на огнот, а Пандо со раце да го чегали.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)