Таа е мајстор за менување на текот на мислите. Наместо тоа во умот ѝ доаѓа сув податок: денес е 30 март 1943 година.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Умот ѝ е во сонцето. - Уште ли го нема?
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
На почетокот беше во тек со нивниот разговор, подоцна умот ѝ одлета некаде кон ѕвездите, таму некаде горе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ѕвездата твоја! ѝ свика Профим еден ден на ќерка си Царјанка кога дозна дека умот ѝ е по Трајан Блосоениот, - да не те видам повеќе со него...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Штом ќе почувствуваше дека луѓе на патот нема и никој не ја гледа, си ја продолжуваше својата животна прикаска така како што во умот ѝ доаѓаше и доживувајќи ја со спокој и конечна помиреност: "Господовата правдина никој не ја знае", си велеше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И умот ѝ го зеде и умното зборување нејзино го зеде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)