ум (имн.) - ми (зам.)

И додека ги минувавме овие заснежени и замрзнати патишта, на ум ми идеше онаа наша поговорка - Пред Божиќ ... и си велев - нели ќе беше подобро да се седи дома, отколку да се талка по овие завеани европски патишта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некако тешко ми паѓаше, во последно време кога и да одев да полагам испит, ми се приспиваше, не можев да се фокусирам, умот ми се заматуваше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тргнав во еуфорија кон скалата, со чувство дека сум семоќен, ја зедов (а и самиот не знаев, во тој миг, зошто ја земам), ја кренав и на ум ми дојде луда идеја: „Ако можам со моторот, зошто не би можел да стојам во воздух и со скалата?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Е па, кога јас гледам натаму, умов ми зборува вака: онаму, кај Лепенец, на друг рид, го гледаш ли аквадуктот од камен и тула со околу двеста сводови?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Туку друг ум ми дојде, чорбаџике (Клекнува до ѕидот.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Мислам најарно... (Пауза.) И ние да чекаме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Умот ми е скитнат кај Никифор на фронтот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас потскокнувам по татка и по мајка, а умот ми е дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ е под клуч, што се вели, целиот свет се држи заклучен, а мене умот ми е надвор избеган.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седнувам и земам еден билтен да читам, ама, не бре, умот ми оди само таму кај што боли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, умот ми е само кај возачот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Умот ми беше кај вас. Не верував дека тоа мене ми се случува. Јас не ве заслужувам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А во 1994 година групата се здоби со геј- бесмртност со песната „Андрогин ум“/Androgynous Mind (од Експериментален џет-сет, треш и без ѕвезда/Experimental Jet Set, Trash and No Star) која – можеби поради почитта кон нивниот неодамна починат штитеник и обожавател Курт Кобејн – му го преосвои Бог на геј-идентитетот: Еј оди тажен ангел, збори ко жена Надвор да мисли зошто сѐ е тиња, а не е жена Ене го клоцнат во стомак, го сјебале, таман толку треба Ме клекнаа на колена, му бацувам прстен, Бог е љубов Андрогин ум, андрогин ум Андрогин ум, андрогин ум Андрогин ум, андрогин ум Еј, еј, дал’ си геј?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Турстон Мур и Ким Гордон се венчаа во 1984 година и останаа заедно во брак дваесет и седум години.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дал’ си Бог? Умот ми е бомба, тебе да те дигнам Сѐ е океј Бог е геј, имаше ти право404 ‌Можеби Бог е геј, но Соник јут не се.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Соник јут се сосема благонаклонети кон настраното. Во нивните културни референции има многу геј-уметници и дела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И јас не издржав. Умот ми застана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И бегам од лединката. Се пикам во шумата. Се пикам, а во умот ми се врти Гоше Љубин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Имам една рана, вели, некаде внатре, не знам каде е, ама много ме боли, ме пржи. Умот ми го свалува, вели. А јас не знам што да му одговорам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)