Ништо. Ум нема во главата што га прави.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но му дојдеше ли писмо од дома или од неговата саканица Царјанка, му јавија ли дека има свадба в село, ум немаше во главата; како зашеметен, како споулавен шеташе низ касарната; ниту му се јадеше, ниту го редеше на ум она што му го зборуваа на вежбите.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Си шепотам така, се молам. Ум немам за ништо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од тоа умот нема да ти се потроши.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Умот нема цена и не се продава, сѐ уште беспрекорно ме служи, за разлика од срцето, кое, драги мои, го подарив.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)