уличка (имн.) - на (предл.)

Преку реката пак, Сандре Марче местеше телевизиска антена на ниското куќарче; Коте Буџе, во тремот на плевната, ја гледаше новата крава, швајцарски сој, што ја беше купил, плукајќи во правта долу, да не ја зарече; Пере Катин спремаше дупка за вар за домалтарисување на новата куќа, која досега беше малтерисана само одвнатре и последен пат си изми раце со потурување од стомне; двајцата сопственици на продавниците, како договорени, ги чистеа и ги прередуваа излозите, а по уличките на селото и на малите празни места, на плоштатките, децата си играа слободно по завршувањето на школската година.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И уште нешто, од дното на оваа улица се дели уличката на „Прашкото Гето“ во Јахимова. Тоа е улицата на еврејските синагоги.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А, газози има, веројатно, само уште на Бит-пазар. За едно големо чудо, дедо мошне вешто се снаоѓаше низ заплетканите улички на Старата чаршија.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Речиси од сите страни во овие улички на „Капали“ ве засенува жолтоблескавата боја на златото, трансформирано во прстење, нараквици, белегзии, обетки, синџирчиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека траеше Солунскиот велесаем во Солун беше поживо и имаше многу повеќе гости, патници, повеќе автомобили, а улиците беа преплавени од нив, особено онаа главната - „Виа Егнација“, во која надоаѓа сиот град и во која дотечуваат сите улици и улички на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)