Се умирало и веќе се немало сили да се копаат гробови: откако се договориле уште во Лесново да се здружат, тие и сите во Кукулино во дваесет воденици, требало да се мисли и да се предвидува дека дел од маката на живите ќе станат и гладните детски усти на некои од загинатите, бездруго на Јане Крстин, Пеце Дановски и Борис Калпак, а најмногу купот штури наследници на килавиот Јаков.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш, пред тоа, исто толку и потоа, срцето на Европа, опиено од музика и во чипки, католичко или православно, ту рамнодушно за туѓа судбина ту со свои сметки самото да ја држи под узди таа судбина, сеедно во кој дел од континентот да го отчукувало времето на мракот, не ќе го запрело ни за миг броењето на миговите дури и болките на сиот народец од Македонија да се слеале во еден крик.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)