Согласно ЗТПОК, корисникот на попустот има право да ги купува акциите, односно уделите со основен попуст од 30% од номиналната вредност, зголемен за 1% за секоја полна година на работен стаж во претпријатието, со тоа што износот на купените акции, односно уделот со попуст не може да го надмине износот од 25.000 германски марки (чл. 26).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со оваа промена е укината одредбата која предвидуваше дека правото на купување акции, односно удели со попуст може да се остварува во рок од три месеци од почетокот на нивната продажба (чл. 28, ЗТПОК).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)