Главниот удар се пренесе сега долу, на реката, која што требаше да се разбуди од вечната дремка и нејзините застојани води, што сега мрзливо се влечеа под жарот на летниот ден, кога ќе паднат првите есенски дождови, да заструјат по новото корито ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
И кога понекогаш, сосе машината за пишување излегувам на балконот, раслечен и раскрилен над целиот простор, и додека удирам по некое слово и слушам дали тој удар се огласува подалеку, тие ме гледаат чудно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Од постојаните удари се направила пукнатина која со текот на времето ќе ја срони таа каменитост.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Требаше да го смирам одот, да се влеам во овој источен ритам на живеење, во оваа чудесна земја, задржана како грозд на убавиот Медитеран, каде што и државните удари се одвиваа мирно.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)