Кон крајот на април 1941 година се формирал и Централниот национален комитет составен од лица кои уживале углед во српскиот политички и културен живот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Нејзината публика ја сакаше Мерлин како Мерлин - и тоа е вистинската природа на квалитетот на yвездите”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
„Знам дека се двајца браќа; и двајцата имаат стекнато углед во пишувањето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не ми беше познато како ја пренесол тој мојата прикаска но разбрав дека шегата му го намалила угледот во семејството и му донесла и модрица под ребрата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ако немаа амбиции да бидат во политиката и мудро се држеа на дистанца од Партијата, ако си ја гледаа работата и не заглавеа во некои од монтираните процеси или ако не беа жртви на семожните денунцијации и подметнувања, ако не им се откриеше некој од вешто скриените златници за најцрните денови, ако си го гледаа семејството, можеа мирно да ги поминат тешките времиња, дури и да се здобијат со углед во новите институции.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И покрај врежаното мислење, повеќемината од неговите актери, пред да се појават во неговите филмови, веќе имаа одреден углед во њујоршките андерграунд кругови и во Ист Вилиџ (макар како ексцентрици).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но угледот во очите на шоферите речиси му вивна кога една вечера брадосаниот и ќелав Ирец, возачот Лијам, влезе во барот извикнувајќи: „Еба ли ги ебаните Јапонци!...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но, - продолжи Томо - заради твојот углед во кујната тоа сигурно нема да се случи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)