уво (имн.) - додека (сврз.)

Јас и онака треба да излезам утре сабајле.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Животинче едно!“ се смееше свекрва ми и отиде да ја баци Маци меѓу ушите додека таа џвакаше и ме гледаше со жолтите очи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И, местејќи рамо под уво додека со дланка си ги покрил очите во птичје умеење да ја заштити главата со крило, заспал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се занишал, паднал згрчен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Што сакаш денес да појадуваш, мило мое?“ ѝ шепотеше на уво додека онака сонлива и топла ја притискаше на своите гради будејќи ја рано, пред да замине на работа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А веста, колку и таена под зглавје или под јазик, одекнуваше во оваа долина меѓу ридовите како гром од ведро небо што се умножува во ушите додека не ги заглуши.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Не биди досадна! – ѝ свикав. – Немаат друга работа, па тебе ќе ти се пикаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А, можат да ти се пикнат во носот и во ушите додека спиеш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)