Пред тешките двери на црквата Санта Марија дела Салуте поп Данаил Москополчанин се тутка во пејсажот на сеќавањата.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
- Ако правиш пак гости, ќе те испратам кај господа, му вели војводата, да не речеш дека не ти кажав, му вели. Ама од лево уво влегло, од десно уво излегло кажаното.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Низ едно уво влегла, од друго излегла приказната за дрвените темели на црквата што многу подоцна ќе се вгезди меѓу јавето и сонот на еден српски поет.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Пелагија немаше можност сѐ да чуе, ама мајката Перса и покрај тоа што плетеше нешто, во нејзините стрежнати уши влезе сѐ што изговори Пеличка и се прашуваше во себе дали момата и Песот навистина се разбираат?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)