увид (имн.) - дека (сврз.)

Ако некој не знае што бара правилото, тогаш, не го сфатил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Или можеби за неодредливоста, увидот дека на таквите дела е неможно да им се припише некое фиксно значење?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Едноставниот, но моќен увид дека сфаќањето се состои во знаењето на она што се бара - и, според тоа, е когнитивна состојба - е белег на експланаторната супериорност на ова објаснување над голиот поим дека фактите за согласноста со практиките на заедницата се точката во која му се става крај на објаснувањето на следењето на правилата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Морам да го имам”, се реши Френк на лице место и наспроти благите протести на Џоен дека покрај Леонардо нејзината „Баричка роса” изгледа како локвичка урина (и ненадејниот увид дека ќе биде вдовица пред тој ка­лендар да биде потрошен), влегоа и го купија за работната соба на Френк, која деновиве главно беше користена за водење на семејните сметки и пополнување на формуларите за здравствено осигурување.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)