уверување (имн.) - дека (сврз.)

Анѓа долго лежела во париските болници а еден ден ја отпуштиле со уверување дека е здрава и способна за работа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Според Маклин Тито “дал цврсто уверување дека ниту една од неговите трупи, вклучувајќи ја и грчката македонска бригада, не преминала ниту ќе ја премине границата во Грција“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според извештајот раководството на ЕЛАС го имал “Титово уверување дека неговата независна Македонија не ја вклучува грчка Македонија“.346 За сите информации кои британските воени мисии ги барале во однос на Македонија од своите претпоставени се нагласувало дека “владата на Неговото Височество не може да заземе каков било став за македонското прашање сé до после победата“ и дека британските мисии за врска на ова прашање мора да му пристапат со посебно внимание.347 Членовите на британските воени мисии, и покрај нивните настојувања и препораки од повисоките инстанци, не можеле да останат надвор од политичките инволвирања во однос на иднината на односите меѓу Македонците и Грците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
После овие доживувања, до крајот на животот останал со уверување дека хемиските средства можат да предизвикаат мистични состојби на свеста и побогат духовен живот, што делумно може да се сфати и како израз на неговата личност, длабоко заинтересирана за религија и мистицизам, особено пред крајот на животот, кога и експериментирал со дрогите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Длабоко во анималниот инстинкт на децата е вградено предизвикувачкото уверување дека колку нешто е направено поубаво, тоа толку повеќе бара да биде истражено со можно расклопување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Гледаш, батка, се ќе се одвиваше поинаку ако не останале ептен празни и студени оние летни ноќи во плевната на Басотова“, ме исмеваше Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не! Помислата беше и премногу примамлива за да биде вистинита - реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Даскалов си замина по првата ноќ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како краен резултат произлегуваше грдото уверување дека се она што го сторив со своето заземање за скапоценостите на Цвета Басотова било всушност последица (или каприц, како што просудија други поединци) од мојата неразумна вљубеност во Басотова. (А се знаело какви недоразбирања создава неразумната љубов).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека ти од поодамна си раскрстил со оваа заблуда?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во замолчаноста што настапи по мојата исповед иследникот вниматело ми се обрати: - Но твоето уверување дека Даскалов ти е татко по се изгледа не траеше долго?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Пред малку, можеби сосема случајно (а можеби и не), твоето поранешно уверување дека другарот Ѓурчин ти е татко го нарече фама.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А токму тоа значење, како и да го толкуваме, е причина за неговите необмислени постапки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам спомнав дека Иван изјави оти можеби ќе остане цела недела кај мене, во воденицата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали би можел јас таквиот исказ да го протолкувам како твое уверување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Обвинетиот Иван Ташин е копиле според вистинското значење на овој збор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
В ред, в ред, тоа не значи дека сите ние не заспиваме и не се будиме со уверувањето дека не сме премногу злочести.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност уште додека ја изведував импровизацијата на разговорот со Даскалов размислував за идното прашањето на иследникот и притоа знаев дека не постои причина да сокривам нешто и да не ја задоволам во потполност неговата желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ме пречека значи грдото чувство на подоцна втасаните иако цел живот го минале со уверување дека пораснале помеѓу првите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На прашањево на иследникот одговорив делумно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А кога се случи да го одредиш другарот Ѓурчин за можен татко?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нашиот соговорник не е од оние писатели кои би флертувале со философски приказни, барајќи во нив паразитска шанса за личен прилог.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во една платонска љубов кон јазикот, веднаш, на самиот почеток на нашиот разговор, Енценсбергер раскошно демонстрираше како може уверливо да се именува и исправно да се брани самата литературна кауза.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од страсната енергија на неговото мислење се пробиваше цврстото уверување дека литературниот дискурс е нераскинливо поврзан со гестот на смелото настапување, со духот на отвореното самоекспонирање.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За разлика од новите текстопишувачи, тој енергично се залагаше за своето темелно уверување дека литературата е судбински поврзана со “светот на животот”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Кој сум јас?,“ повторуваше Рајнер со затворени очи, со очи вперени во огледалото, со очи загледани во мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Залудни беа моите уверувања дека тој е оној кој е, и неговото Јас не зависи од тоа кој го родил, и дали бил отфрлен по раѓањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Треба да се помириме со тоа дека смртта не е премин од еден вид на постоење во друг, туку прекин на постоењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
“И дали е тоа доволна причина утехата да си ја побарам во уверување дека смртта не е крај на постоењето?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нивното уверување дека нивната критика на германската философска традиција супституирала реалност наместо илузија, наука наместо фантазија, беше во голема мерка зајакнато од фактот дека тие имаа револуционерна партија и програма - конкретен предлог за тоа како да се обезбеди искуствена проверка за нивното тврдење дека извесни своевремени зла (на пример доходовните разлики, невработеноста) не се нужни.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Затоа меѓу жителите на Потковицата и ден-денеска постои уверување дека Димко, во алипноста своја, си замислил нешто и дека, пак во алипноста своја, мислејќи дека така ќе ја одбрани честа своја и на мајка си, или од љубомора, ги уби, кутрите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тоа, убиството, се случи летото 1943-та, во време вршење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Човек, раскажувајќи ги, ако не земе да ги сведе под знакот на една, на онаа, главната, за ропството и за борбата против поробувачите лесно може да се заталка во раскажувањето и да се заборави што зборувал, односно да заборави што раскажувал и кој му бил зборот, па слушателот да си отиде од него со уверување дека си го изгубил времето слушајќи некого кој ниту знаел да раскажува ниту што раскажува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Превидувањето е разбирливо, зашто дојдов на уверување дека за Дишан било важно врската со Жари да ја држи во тајност, и дека неговото однесување во тој поглед фрла светлина на целата мистериозно-измамничка поза која тој ја негувал, толку поетично собрана во делото од 1959, With My Tongue in My Cheek (Со мојот јазик на мојот образ3).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Веруваше дека во зборовите на народите со мешана судбина се кријат енигмите на балканската историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, поттикнат од уверливото кажување на Камилски за револуцијата и јазиците, размислуваше еден ден, сепак, да се врати на својот напуштен проект за Историјата на Балканот низ падот на империите, добивајќи нови уверувања дека војната создава широко лингвистичко движење во времињата и просторите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За време на Студената војна, голем број уметници емигрираа на Запад, и лажното уверување дека МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ, без разлика дали доаѓа од Исток или од Запад, е толку универзална што може да биде класифицирана под исто име: тековен -ИЗАМ, стана општо прифатено.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Беше свесен, по многуте поранешни дедови уверувања дека малкумина успеваат да го променат патот на судбината во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас бев единствениот што се среќаваше со него и секогаш од неговиот кабинет излегував со уверување дека е џек во професијата, дека е прецизен во одлуките и во водењето на акциите, дека во работата е како швајцарски часовник, но дека не е метал, дека пред сè е човек, дека запчаниците на тој механизам наречен часовник, постојано се поврзани со неговото срце и со неговата душа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И кај двата мита може да се забележи дека го содржат уверувањето дека таму некаде во неодредената иднина, автоматски, животот ќе биде подобар отколку денес, како и залажувањето и самозалажувањето дека сивилото на сегашноста е нужен предуслов за розевоста на иднината.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Надежите за подобар живот не се темелеа само врз уверувањето дека ќе дојде до важен исчекор во остварувањето на личните и политичките слободи и права, туку и врз убеденоста дека ќе се излезе од повеќегодишната економска криза, а животниот стандард набрзо ќе се приближи до оној на западните земји.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Паметам, бев со уверување дека решениево е во врска со потребата да ги запрам повиците и плачот и да му ја отворам најпосле вратата на спокојството.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не мислев само дека можам туку и дека сум повикан да го сторам тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакам да го споделам уверувањето дека Грамос го напуштаме привремено и само заради стратешки цели.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За жал, европската мисла создаде уверување дека она што навистина се случува, како на пр. ненадејното кивање и слушање, не е длабоко.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Незабележително, нѐ опфати уверувањето дека неописливите мистерии вредат да бидат изразени со посветени чинови.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)