убивање (имн.) - на (предл.)

Се лути дека Арслан бег и другари му ги убиле орливе или пак навистина верува - Јаз’к олкаво мажиште! - дека убивањето на орли донесува несреќа?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оти знаат дека убивањето на орли донесува несреќа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Основна причина што Орце, Коста, Мечето, Илија и Владо инсистирале да се гине по секоја цена била таа што тие сметале дека со својата смрт ќе ја афирмираат повеќе борбата за слобода на својата татковина отколку што тоа би го направиле со уривањето на згради и фрлањето на динамитни бомби по солунските улици и убивањето на непријателски војници.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Човеку, а колку жртви во името на тој Исус! Плачкосувања и убивања на неверниците! Колку болести и бесмислени несреќи!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама ова не е раѓање, туку убивање на нероден живот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како треба да се напушти животот и сите маки, можете само вие да знаете возвишени животни, рецитираше Бургиба, потсетувајќи на свирепото убивање на волкот и на потерата по волчицата со малите волчиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во оваа величествена поема на Вињи, вистинска химна на борбата за живот и неумоливата смрт, Бургиба како да сакаше да ја покаже својата трагична величина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И многу подоцна убивањето на првородениот е заменето со симболичка жртва – со обрежување. Тогаш е сменета и приказната за Авраам и Исак.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
“Ако тоа убивање на првородените било непишан закон, тогаш сигурно тој бил и присила за некои родители.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)