туѓ (имн.) - тело (имн.)

Тоа око му било ослепено од не каква натприродна, трајна, од туѓо тело делумно предизвикана инфекција, и тој веќе не можел да разбира што му се случува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Финансиите се за сиромасите, не за нас“, со длабок глас, бавно како крвник и свечено како проповедник, соблечен до појас и наметнат со бела прегача, како ковач или месар, како занаетчија- мајстор накусо, грмеше на сцената на Цанкаревиот дом Петер Млакар, членот на Одделот за чиста и практична филозофија на Neue Slowenische Kunst, дружина 1983 г. создадена од музичката група Laibach, ликовната група Irwin и Gledališće sester Scipion Nasice (подоцна Kozmokinetični kabinet Noordung).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во поинакви околности појавата на џипот и не беше, барем за Бојана, особено добредојдена, зашто како туѓо тело се забиваше во зеленилото, во тишината и чистотата на планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По говорите на градоначалникот Димитриј Рупел, претседателот Милан Кучан и гостинот, естонскиот претседател Ленарт Мери, непосредно пред свечениот почеток на концертот на Лајбах со кој почнува Европскиот месец на културата Љубљана 97, се појави на сцената ненајавено, неочекувано, како туѓо тело и паразит во ритуалот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Хрватската илузија, дека фашистичкиот и комунистичкиот тоталитаризам се туѓо тело врз здравото хрватско народно јадро и дека најпосле оствареното владеење на народната волја автоматски е и измирување со злото од минатото и воедно исчекор во демократска иднина, има само една цел - потискување на вистината на тоталитаризмот, а со тоа и негова репродукција.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Колку време му е потребно некому да го изгуби мирисот на туѓото тело, што го носи во ноздрвите, и како да ја избрише сликата на склопчено тело крај себе, веднаш по првото отворање на очите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој, кој беше пред сите во херојската татковинска задача на протерување на српските дојденци, натрапници, тие опинчари и „шиљоглавци“, тој кој најдлабоко засекуваше кога од здравото, европско, католичко, илјадагодишно хрватство требаше да се отстрани туѓото тело на балканскиот примитивизам олицетворено во српското малцинство, се најде во улогата на својата жртва.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ѝ пречи туѓиот здив што го загрева тилот, туѓото тело што го допира грбот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)