тутун (имн.) - и (сврз.)

- Рајата ја крена главата, - рече дервишот. - Не чини, не чини, ефенди! - продолжи Турчинот со засукани мустаќи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Главниот дервиш седна. Турчинот со засуканите мустаќи ја извади кутијата со тутун и му ја подаде на дервишот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Котевица излезе да вара да не најде нешто такво некаде низ куќи, а Коте го извади ќесето со тутун и лулето од кочанката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Лудата марта, ветриште со кое уште еднаш се сретнувам во својот живот, удира во мојот мантил со боја на мувлив тутун и се обидува да ме крене, да ме скрши од стебло или од камен. Не може.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Неговиот сосед со тенка физиономија на птица е управникот на експортното друштво за тутун и кожи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Тутун и во него е водичот за султанскиот харем. - Хашиш! - скоро викна од изненадување Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тебе ќе ти донесам еден олкав чибук (ги раширува рацете) да седиш најгоре, да пушиш тутун и да даваш команда!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Немтурот збунето се врти кон другарот - овој собира од длабоките џебови ситен тутун и го разретчува на дланка; и не го гледа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
МЛАДИЧОТ: Не. Горе бевме скудни за тутун и затоа не ме научија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Еден ден се боревме и почувствував дека се заборавил во жарот на борењето, ја зеде машата, а јас избегав зад еден плет, тој удри во плетот, дотрча мајка ми и му свика: Што стори бре, Тасе! а тој – Остави Ристено, ќе си го утепав детето, цел ден немам тутун и таков сум.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Многу пари кладе со тутунот и со ракијата. Продаваше и друго, ако можеш да купиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)