И тие со трчање ќе се вратат назад викајќи: идат и жив глас носат!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Цело време си замислувавме како во трчање ќе влетаме во прегратките на нашите мајки, како ќе не гушкаат и ќе не бакнуваат, како нивните солзи - радосници ќе се разлеат по нашите образи како ќе се втрчаме во дворовите и во куќите, како ќе се растрчаме по селските сокаќиња и селото, како секое катче ќе го исполниме со нашата смеа и џагор, како... ...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)