Со трчање отидов дома да ѝ се пофалам на мајка ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Станав и со трчање отидов в нужник да повратам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се поздравив набрзина и со трчање отидов во училиште, зашто беше доцна, без да разберам која беше другата жена со тетка Рајна и што бараше кај нас.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тоа што се случи потоа не беше Пере да стои со мене и да се чуди, туку речиси со трчање отиде кон центарот на Маказар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И кога Толе му се кажа, Волче се израдува и си рече: „Ајде, белки има касмет да а спасе главата" — и со трчање отиде кај ќерка си.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Многумина од граѓаните се стегаа и со трчање отидоа до гробиштата, до самоти гробот на Санета Сандин, за да го видат чудото, за да се уверат во неговото воскресение.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)