Тогаш до оние околу распарчениот труп стасал задуван Симон Наконтик и првиот што клечел го зграпчил со обете раце за глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еби го со колот в грклан, И за побратимот Пеце, Убиваше, сега умира и моча под себе, Убавина, ова е убавина, Му го фатив јазикот, помогнете ми да му го извлечам од уста, - но дел од оние што не можеле да се допрат до глекавиот куп месо и крвиште јуреле кон белецот и го заплиснале со секири и го боделе со колови, и тој белец, со богата грива но веќе со неколку црвени риги преку кожата, 'рзнувал и се пропнувал пред безмилоста сѐ додека не ги оставил уздите на жилавата гранка, да ѝ се извлече крвав на одмаздата и да ги остави луѓето со запенети муцки, и тие со една и само своја реченица: Имавме секири, ножеви, колови, сега имаме пушка и јатаган и уште двајца мртовци, Коњот не требеше, животинка е, И коњите не им се поарни, носам јас на грбов стари удари на копита, А мене денес копито ме поткачи по коленово, Можело и погоре, имаш пет деца, Молкни, секирава моја уште е жедна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)